Младиот репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски (21) од денес е нов ракметар на Вардар.
Ракометарот кој игра на левата крилна позиција потпиша договор на две години со „црвено-црините“. Димитриоски во наредната сезона ќе биде конкуренција на Тимур Дибиров.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со 21 година тој веќе има искуство во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Доби место и во репрезентацијата за која играше во квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Оваа сезона со Металург го освои Купот на Македонија каде што во финалето го победи токму Вардар.
„Секогаш сме сакале мнлади и преспективни ракметари. Сакаме да им дадеме шанса на ракометарите да го покажат својот квалитет. Негова најголема предност е младоста, очекуваме да игра со истата посветеност како што играше и досега. Се надеваме ќе ја искористи шансата која Вардар му ја дава“, изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.