Дома Фудбал Репрезентации Мане би го менувал трофејот во Лигата на шампионите за една работа

Мане би го менувал трофејот во Лигата на шампионите за една работа

Играчот на Ливерпул, Садио Мане во овој момент се наоѓа со репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сенегал вчера во првиот натпревар на ова натпреварување славеше победа против Танзанија со головите на Кеита Балде и Крепин Диате. Мане не настапи на овој натпревар.

Мане во квалификациите за Африканскиот куп на нации доби два жолти картони, но само седум дена пред почетокот на ова натпреварување дозна дека ќе биде суспендиран за натпреварот против Танзанија.

Сенегалецот имаше одлична сезона во дресот на Ливерпул каде што на 50 натпревари постигна 26 голови.

Сепак, Мане јасно призна дека би ја менувал титулата шампион на Европа за титула на Африканскиот куп на нации. Сенегал никогаш не го освоил ова натпреварување, но капитенот на оваа селекција има намера тоа да се промени.

„На нас е да направиме нешто големо. Секако дека сме еден од фаворитите, не можеме да бегаме од тоа. Но само размислувањето не е доволно да одите до крај. Победа со мојата земја која никогаш не го освоила Африканскиот куп на нации би било нешто величенствено. Спремен сум дури и да го менувам трофејот во Лигата на шампионите за да го освојам Африканскиот куп на нации“, изјави Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…