Поранешниот играч на Барселона, Самуел Ето го повика Мохамед Салах да му се приклучи на каталонскиот клуб доколку му се пружи прилика за тоа.
Формата на Салах во последните две години го доведе до тоа да биде еден од играчите кои секој клуб сака да ги има во своите редови, а претходната сезона конечно ја освои и ЛШ со Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Египетскиот напаѓач постигна 71 погодок на 104 натпревари во дресот на Ливерпул, а беше стрелец и на првиот гол во финалето на ЛШ против Тотенхем.
Реал Мадрид и Барселона се само дел од тимовите кои би сакале да го донесат Салах, а Самуел Ето е еден од ретките играчи кои играле и за двата клуба, па му даде совет на Салах за тоа кој клуб да го избере.
„Ако има прилика да игра во најдобрата лига на светот, мора да потпише за Барслона.“ – изјави Ето за ББС.
„Мохамед има се да биде еден од најдобрите играчи на светот. Барселона повеќе ќе му одговара. Реал ми даде прилика да ја напуштам Африка, но знам дека стилот на Барселона за него ќе биде подобар.“ – додаде Ето.