Дома Македонски спорт Лина во тандемско финале на фјучрс турнирот во Кјасо

Лина во тандемско финале на фјучрс турнирот во Кјасо

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, избори пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Кјасо, во игра на двојки. Партнерка на Ѓорческа на овој турнир е Бугарката Александрина Најденова.

Ѓорческа и Најденова, во полуфиналето, убедливо славеа против француско-швајцарската комбинација Жоржес-Суња со 6:1, 6:3.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За титулата Ѓорческа и Најденова ќе се борат против четвртите носителки Ван дер Хок од Холандија и Крамперова од Чешка.

Инаку, во петокот, Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфуналето во сингл, откако загуби со 2:1 во сетови од Катинка вон Дихман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…