Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан е на чекор да го комплетира трансферот на Озан Кабак од Штутгард.
Станува збор за 19-годишен дефанзивец кој важи за еден од најперспективните во Европа. Потекнува од школата на Галатасарај, а на почетокот на годината направи трансфер во Штутгарт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првите шест месеци во Германија веднаш го покажа својот талент, одигра одлично и беше избран за најдобар дебитант во Бундеслигата.
Кабак го привлече вниманието на многу европски гиганти, а главна битка за неговиот потпис водеа Баерн Минхен и Милан.
Двата клуба се спремни да ја платат неговата откупна клаузула од 15 милиони евра, но последните информации од Германија говорат дека турскиот репрезентативец се договорил со Милан, па Баерн се повлекол од трката.
Се очекува неговиот трансфер на „Сан Сиро“ да биде официјализиран во следните денови.
According to Sky in Germany, Bayern were in contact with Ozan Kabak's agents but did not push the deal any further. Kabak is now on the verge of a move to AC Milan, who are expected to seal his signing pic.twitter.com/qIPc13b3Pl
— Milan Eye (@MilanEye) June 22, 2019