Петр Чех и официјално се врати на „Стенфорд Бриџ“, каде доби функција на технички директор и советник во клубот.
Поранешниот голман својата фудбалска аформација ја доживеа во Челзи, каде го помина поголемиот дел од кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чех цели 11 година го носеше дресот на Челзи, а потоа во 2015 година се пресели во Арсенал, а ова лето стави крај на кариерата.
„Голема чест е што повторно ја добив можноста да се приклучам на Челзи и да помогнам да се создаде највисоко можно опкружување за високи перформанси со цел да се продолжи со успехот што клубот го постигна во текот на изминатите 15 години“, истакна легендарниот голман.
Како што е наведено на официјалниот сајт на клубот, Чех ќе дава совети за сите прашања поврзани со фудбалот, како и за зајакнување на силни врски помеѓу тимови на сите нивоа и академии.
.@PetrCech is our new Technical and Performance Advisor!
Welcome back, Big Pete! ?
— Chelsea FC (@ChelseaFC) June 21, 2019