Дома Топ вести Готово: Гвардиола го „украде“ Мекгваер пред носот на Јунајтед

Готово: Гвардиола го „украде“ Мекгваер пред носот на Јунајтед

Манчестер Сити е блиску да ја добие трансферната битка со градскиот ривал за дефанзивецот на Лестер, Хари Мекгваер, пренесуваат медиумите на Островот.

„Граѓаните“ ја добиле битката со Манчестер Јунајтед за стоперот на англиската репрезентација затоа што се согласиле да платат 65 милиони фунти, а трансферот ќе се комплетира следната недела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед понуди само 50 милиони фунти, а и самиот Мекгваер преферира трансфер на „Етихад“ бидејќи сака да настапува во Лигата на шампиони.

Пеп Гвардиола смета дека Мекгваер ќе биде идеална замена за Винсент Компани, и ќе го формира стперскиот тандем од репрезентацијата Стоунс – Мекгваер.

Мекгваер беше приоритет за „црвените ѓаволи“, но откако ја загубија битката ќе се насочат кон друг дефанзивец.

https://youtu.be/g8zzaaoIUXE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…