Она што веќе подолго време се најавуваше сега доби официјална потврда – Милан има нов тренер!
Работата стана јасна кога пред неколку дена Сампдорија соопшти дека се разделува со Марко Џампаоло. Џампаоло долго време се поврзуваше со Милан, а сега пристигна официјална потврда дека тој ќе го наследи Гатузо на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џенаро Гатузо откако не успеа да обезбеди настап на клубот во Лигата на шампионите си поднесе оставка.
Џампаоло во Милан доаѓа после солидната сезона со Сампдорија, а со Милан потпиша договор на две години со опција истиот да се продолжи на уште една.
Најавите за реконструкција баш и не беа поволни за Милан се шпекулираше дека фондот „Елиот“ за нови засилувања во летниот преоден рок ќе издвои само 35 милиони евра, сума која е навистина мала за денешната ситуација на трансфер пазарот.
Како и да останува да се види како ќе помине летото, а потоа и како Џампаоло ќе се снајде во својот прв поголем предизвик во кариерата.
Comunicato Ufficiale: Marco Giampaolo ➡ https://t.co/tdRtTYqzGj
Official Statement: Marco Giampaolo ➡ https://t.co/tjukG4NVJk pic.twitter.com/sMCnEZEyVt
— AC Milan (@acmilan) June 19, 2019