Дома Трансфер зона Агентот на Герет Бејл: Поголеми се шансите јас да победам на трка со коњи отколку тоа да се случи

Агентот на Герет Бејл: Поголеми се шансите јас да победам на трка со коњи отколку тоа да се случи

Герет Бејл во 2013. година од Тотенхем стигна во Реал Мадрид за 100 милиони евра.

Велшанецот во првите неколку сезона беше еден од клучните играчи на клубот од Мадрид, но во последната сезона одигра лошо и се најде на мета на навивачите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бејл оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари во кои постигна 14 погодоци, а неколку последни натпревари ги помина на клупата.

Зизу не смета на 29-годишниот Бејл за следната сезона и затоа сака да го продаде, но проблем е неговата огромна плата кој е главната пречка за заинтересираните клубови.

Затоа во клубот од Бернабеу се одлучија на реалната опција, а тоа е позајмица. Сепак, Џонатан Барнет, агентот на Герет Бејл жестоко ја отфрли таа можност.

„Позајмица нема да се случи. Мислам дека тој не сака да оди на позајмца, има прекрасен живот и дом во Шпанија.“

„Мислам дека мора да се случи нешто посебно за тој да го напушти Мадрид, а позајмица не е опција. Поглеми се шансите јас да победам на трка со коњи отколку да се случи тоа.“ – изјави Барнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тренерот на Лион: Премногу го прославивме четвртиот гол. Сe слави дури на крајот.

Во исклучително драматичен натпревар, Јунајтед го исфрли Лион и се пласираше во полуфинале…