Репрезентацијата на Чиле вчера со 4:0 ја победи Јапонија во првото коло од групната фаза на Копа Америка.
Како што е веќе познато Катар и Јапонија добија повик да се натпреваруваат (повеќе за ова тука) на најстариот репрезентативен турнир во светот, но Јапонија баш не се прослави вчера против Чиле.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чилеанците покажаа сила и полесно од очекувањата стигнаа до победата. Чиле поведе во 41-та минута, додека во вториот дел видовме уште три гола.
Прво Варгас ја затресе мрежата за 2:0 во 54-тата минута, а потоа во самиот финиш за две минути Чилеанците постигнаа два гола.
На 3:0 зголеми Алексис Санчез, а само 60 секунди Варгас го постигна својот втор гол за конечни 4:0.
Ќе потсетиме, во оваа група Уругвај со истиот резултат (4:0) го победи Еквадор.
https://youtu.be/pYtOIvekLjI