Во четвртиот натпревар од финалето на кошаркарската суперлига помеѓу Партизан и Црвена Звезда видовме апсолутно се. На крајот победа однесе Црвена Звезда со резултат 76:75.
Во првиот период видовме добра игра на Партизан кој овој период го доби со резултат 23:16. Продолжението од натпреварот ни донесе игра кош за кош и овој период заврши со 19:18. На полувреме се замина со резултат 42:34 во корист на Партизан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Третиот период донесе многу подобра игра на Црвена Звезда. „црвено-белите“ тој период го добија со 18:10. Така после 30 минути игра резултат беше 52:52.
Четвртиот период донесе вистинска драма во секој поглед. Прво гром удри во салата „Пионир“ и поради оштета на кровот натпреварот беше прекинат половина часа.
После прекинот се играше кош за кош се до самиот крај. Били Барон го водеше последниот нападн а Звезда и со звукот на сирената погоди за големо славје на избраниците на Милан Томиќ.
Звезда однесе победа со резултат 76:75.
Најефикасен во победничкиот тим беа Били Барон со 21 и Дејан Давидовац со 13 поени. Партизан беше предводен од Ѓорѓе Гагиќ со 11 колку што постигна и Алекс Ренфро.
Billyyyyyyyy ?????????#WeAreTheTeam #kkcz pic.twitter.com/COQSZyyrTe
— KK Crvena zvezda (@kkcrvenazvezda) June 17, 2019