Дома Фудбал Жалбата на Барса одбиена – Нејмар ќе го пропушти грандиозното „Ел Класико“

Жалбата на Барса одбиена – Нејмар ќе го пропушти грандиозното „Ел Класико“

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја одби жалбата на Барселона и ја потврди суспензијата на Нејмар ќе трае три натпревари.

Бразилскиот репрезентативец поради суспензијата ќе го пропушти најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот помеѓу Реал и Барселона, кој в недела ќе се одигра во Мадрид.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Нејмар, на 8.април на натпреварот во Малага, беше исклучен поради два жолти картони. Поради црвениот картон тој е суспендиран на еден натпревар, а дополнители два натпревари суспензија доби бидејќи иронично му ракоплескаше на судијата додека го напушташе теренот.

Барселона тврдеше дека не може да се докаже дека реакцијата на Нејмар била усмерена кон судијата, но Комисијата за жалби при Фудбалскиот соуз на Шпанија ја одби жалбата и ја потврди суспензијата.

Екипата од „Ноу Камп“ поднесе жаба и до Судот за спортска арбитража.

Натпреварот Реал-Барселона ќе се одигра в недела, од 20:45 часот во Мадрид. Реал со натпревар помалку е лидер на табелата со 75 бодови, три повеќе од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…