Дома Фудбал Шпанските власти го блокираа имотот на Нејмар!

Шпанските власти го блокираа имотот на Нејмар!

Човек после ваква информација сигурно веднаш ќе си го постави прашањето – зошто?

Според пишувањето на бразилскиот медиум „Фолха де Сао Паоло“ на Нејмар му е блокиран целиот имот поради неплаќање данок. Боликирани се 36 недвижнини кои гласат на име на бразилскиот фудбалер, неговото семејство или на име на некоја негова фирма.

Шпанските власти со овој потег сакаат да се обезбедат дека Нејмар ќе го плати данокот, а според е периодот во 2013 година кога премина од Сантос во Барселона.

Каталонскиот клуб за него плати скоро 40 милиони евра на компанијата која е на име на таткото на Нејмар и на таа сума требало да има данок од 27.5%, додека Нејмар платил само 17% данок затоа што парите биле уплатени компанија, а не на физичко лице.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …