Младата ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс е пред трансфер во Атлетико Мадрид, тврдат португалските и шпански медиуми.
Атлетико Мадрид е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра, а најновите информации се дека Жоао Феликс и неговите агенти веќе пристигнале во Мадрид на завршни преговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јорганџиите“ во Португалецот гледаат идеален наследник на Гризман, кој најави заминување од клубот, па работат на тоа да ја победат конкуренцијата за 19-годишниот талент.
Медиумите пренесуваат дека Атлетико започнал преговори со Бенфика и му нуди на португалскот клуб нуди 30% од следната продажба на Жоао Феликс.
Се уште не е јасно дали ќе ја платат целосно откупната клаузула или Бенфика ќе ја прифати нивната понуда, но медиумите се едногласни дека Атлетико ја победил конкуренцијата и наскоро ќе го комплетира трансферот на Жоао Феликс.
Ова ќе биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.
Жоао Феликс одигра феноменална сезона во Бенфика во која постигна 20 гола и запиша 11 асистенции, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Dal Portogallo: #JoãoFelix è già a Madrid, vicina la firma con l'#Atletico https://t.co/JPBdHeQySY pic.twitter.com/A91WOL7LJ9
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 17, 2019