Јувентус вчера официјално потврди дека италијанскиот стручњак Маурицио Сари е нов тренер на клубот.
Сари само една година помина на клупата на Челси и не можеше да одбие кога пристигна повик од Јувентус. Овој тренер со Сините ја освои Лига Европа и се очекуваше и се очекуваше да истане на клупата на лондонскиот клуб и следната сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Јувентус беше упорен во преговорите, а ниту Сари не ја криеше желбата да ја прифати понудата. Единствениот проблем беше договорот кој овој тренер го имаше со Челси.
Сините не беа спремни лесно да ја раскинат соработката, а откупната клазула беше шест милиони евра. Јувентус сигурно платил обештетување, но Тутоспорт пренесува дека платиле многу помалку.
Наводно, Јувентус за Сари платил само еден милион евра, односно успеале во преговорите да ја намалат цената за пет милиони евра. Сари во текот на преговорите повторувал дека сака само да се врати во Италија, односно да биде блиску до родителите кои не се во најдобра здравствена состојба.