На „Сантијаго Бернабеу“ вчера беше претставен Еден Азар.
Азар на „Бернабеу“ го дочекаа повеќе од 50.000 фанови. Со „кралевите“ Белгиецот потпиша договор на пет години и веројатно ќе го носи дресот со број 7.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, на трибините пред излегувањето на Азар на теренот можеше да дојде до инцидент. Имено, еден од фановите на трибините се појави со дрес од Барселона, а тоа не им се допадна на навивачите на Реал.
Тие со свирежи и закани го натераа да го соблече дресот што на крајот наиде на воодушевување кај навивачите на „кралевите“.
A #Barca fan at #Bernabeu @ the unveiling #Hazard ??#RealMadrid pic.twitter.com/LrTZJv6zQw
— Just Jasini (@pjasini) June 13, 2019