Дома Трансфер зона Еден Азар пристигнува денеска, но Реал тука не застанува

Еден Азар пристигнува денеска, но Реал тука не застанува

Мадридски Реал направи неколку фантастични потези.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од наредната сезона дресот на Кралевите ќе го носат Милитао, Менди, Јовиќ и Еден Азар, кој на Бернабеу пристигнува денеска.

Сепак, кралскиот клуб нема да застане со големите засилувања и голема е можноста во дресот на овој клуб да гледаме уште едно големо име.

Мундо Депортиво тврди дека после потписот на Азар, мадридскиот великан со сите сили ќе тргне по ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Зинедин Зидан според овој медиум ги преземал работите во свои раце. Ќе се обиде да го ангажира овој 20-годишен напаѓач, кој не крие дека му е желба да заигра во Реал.

Сепак, понудата за Мбапе ќе мора да биде огромна. Можно е  Реал дури да го сруши рекордот за најголем трансфер на сите времиња кој моментално изнесува 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Неверојатниот Хари Кејн ги урна соништата на Конго! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Англија, водена од извонредниот Хари Кејн, направи значителе…