Дома Топ вести Лука Јовиќ претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид

Лука Јовиќ претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид

Јовиќ е нов фудбалер на Реал Мадрид. Српскиот фудбалер денеска ги помина лекарските прегледи во Мадрид, а потоа потпиша договор со шпанскиот великан.

Јовиќ со Реал потпиша договор на шест години, а Ајнтрахт ќе инкасира 60 милиони евра со можност за дополнителна заработка низ одредени бонуси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Третина од споменатиот износ ќе му припадне на неговиот поранешен клуб Бенфика со кој до пред два месеци беше под договор.

„Јас сум најсреќниот човек на светот. Убеден сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека ќе му помогнам на Реал да освои уште многу титули.“ – изјави Јовиќ.

Лука Јовиќ во минатата сезона одигра 48 натпревари за Ајнтрахт во сите натпреварувања и запиша 27 погодоци и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова што го направи Мурињо во 98-та минута ќе се памети засекогаш: „Знаев дека…“ (Фото)

Голманот Анатоли Трубин постигна гол во 98-та минута за триумф на Бенфика над Реал Мадрид …