Дома Македонски спорт Мислевте дека сме големи фаворити против Косово во Лигата на Нации? Погледнете ги нивните резултати!

Мислевте дека сме големи фаворити против Косово во Лигата на Нации? Погледнете ги нивните резултати!

Maкедонија вчера одигра еден од најлошите натпревари во последните години, Австрија се прошета низ Скопје и не победи со убедливи 1:4.

Она што македонската спортска јавност повеќе ја загрожува од резултатот е катастрофалната игра. Столе Димитриевски вчера беше единствената светла точка во нашата селекција и доколку тој не беше расположен можеше да ни се случи и уште поголем дебакл.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После овој пораз шансите за пласман на ЕП не се загубени, но сме многу подалеку затоа што од селекциите кои се очекува да бидат наши најголеми конкуренти изгубивме на домашен терен. Поради тоа историскиот пласман на Европското првенство веројатно ќе треба да го бараме преку Лигата на Нации, но таму не чека навистина незгоден противник, Косово.

Косово не изгледа како некоја квалитетна репрезентација, но ако ги погледнете резултатите на оваа селекција во последните две години и тоа како има што да не загрижува, посебно после онаа игра која ја видовме вчера.

Внимавајте добро, Косов нема пораз на последните 14 натпревари во кои има дури девет победи што секако е респектабилен учинок и никако не треба да го сафатиме како некој условно кажано лесен протиовник.

Вчера незгодноста на оваа репрезентација ја почуствува Бугарија која дома беше поразена со 2:3.

Резултатите на Косово во последните 14 натпревари се следниве:

Латвија (победа) – 4:3

Мадагаскар (победа) – 1:0

Буркина Фасо (победа) – 2:0

Албанија (победа) – 0:3

Азербејџан (реми) – 0:0

Фарски Острови (победа) 2:0

Малта (победа) – 3:1

Фарски Острови (реми) – 1:1

Азербејџан (победа) – 4:0

Данска (реми на гости) – 2:2

Бугарија (реми) – 1:1

Црна Гора (реми) – 1:1

Бугарија (победа) 2:3.

Во својата група за квалификациите за ЕП 2020 Косово игра со Англија, Чешка, Црна Гора и Бугарија. После три натпревари (Бугарија два пати и Црна Гора) има пет освени бодови и се наоѓа на третата позиција зад Англија и Чешка кои имаат по еден повеќе.

До натпреварот секако има уште време, меѓута ваквите резултати на Косово во кои имаат и реми со една Данска на гости и тоа како треба да бидат сериозно предупредување. Со игра како вчера тешко дека имаме шанси…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…