Дома Останати Ѓоковиќ останува лидер на АТП, ја зголеми предноста во однос на Надал

Ѓоковиќ останува лидер на АТП, ја зголеми предноста во однос на Надал

Новак Ѓоковиќ кој настапот на Роланд Гарос го заврши во полуфиналето и натаму лидер на АТП листата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој воедно ја зголеми и предноста во однос на Рафаел Надал кој победи отвореното првенство на Франција. Имено, Надал само ги одбрани поените освоени минатата година, додека Ѓоковиќ со пласманот во финалето освои нови.

Зад нив се Роџер Федерер и Доминик Тим, а во ТОП 10 сега се и Карен Качанов и Фабио Фоњини, кои ги потиснаа зад себе Џон Иснер на 11-то и Хуан Мартин дел Потро на 12-то место.

Инаку Ѓоковиќ полека се доближува до рекордот на Федерер кога се во прашање неделите поминати на првата позиција на АТП листата. За српскиот тенисер ова е веќе 255-та седмица која за започнува на првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП лис…