Дома Фудбал Репрезентации Кој ќе биде противник на Португалија? Познати составите за Холандија – Англија

Кој ќе биде противник на Португалија? Познати составите за Холандија – Англија

Вториот полуфинален натпревар во Лига на нации помеѓу Холандија и Англија се игра вечерва од 20:45 часот.

Синоќа го дознавме првиот финалист откако Португалија на крилата на Кристијано Роналдо ја совлада Швајцарија со 3:2 и го осигура пласманот во финалето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Вечерва не очекува вториот натпревар, а силите ќе ги одмерат Холандија и Англија. Холанѓаните после смената на генерацијата полека се враќаат на големата сцена, додека Англичаните се надеваат дека конечно ќе освојат некој трофеј.

До почетокот на овој натпревар останува уште половина час, а тренерите на двата тима ги соопштија стартните состави.

Холандија: Cillessen, Dumfries, De Ligt, Van Dijk, Blind, Wijnaldum, De Jong, De Roon, Bergwijn, Babel, Depay.

Англија: Pickford, Chilwell, Maguire, Stones, Walker, Delph, Rice, Barkley, Sterling, Sancho, Rashford.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за мечот против Севиља

Кога Едуардо Камавинга го напушти теренот повреден против Атлетик Билбао претходно овој ме…