Дома Фудбал Англија Гостинскиот дрес за следната сезона ги разочара навивачите на Ливерпул

Гостинскиот дрес за следната сезона ги разочара навивачите на Ливерпул

Ливерпул зад себе има одлична сезона која на крајот ја крунисаа со освојување на ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сигурно дека за Црвените главна цел е конечно да станат шампиони во ПЛ, но иако одиграа брилијантна сезона и освои 97 бода не успеа да да го освои трофејот бидејќи Сити имаше еден бод повеќе.

Но, тоа е брзо заборавено откако Црвените во саботата станаа европски прваци. Ливерпул во финалето го победи Тотенхем со 2:0 и дојде до шестата титула во ова натпреварување.

Припремите за следната сезона веќе започнаа, но се уште не се знае како ќе изгледа гостинскиот дрес на Црвените. Сепак, англиските медиуми објавија фотографија од дрес за кој тврдат дека токму тој ќе биде гостинскиот за следната сезона.

На навивачите не им се многу допадна дизајнот кој го направи Њу Баланс со кој Ливерпул нема да ја продолжи соработката следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Интер подготвуваат понуда за англиски репрезентативец кој треба да го замени Дамфрис

Управата на Интер подготвува понуда за англискиот репрезентативен бранител Џед Спенс, изве…