Дома Фудбал Вака Рибери ги исмеа судиите после мечот во Мадрид!

Вака Рибери ги исмеа судиите после мечот во Мадрид!

Фудбалерите на Баерн Минхен се лути на судијата Виктор Касаи и директно го обвинија него за елиминацијата од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

После тренерот Карло Анчелоти и играчите Артуро Видал и Арјен Робен се огласи и Франк Рибери.

Французинот на својот Инстаграм профил ги постави доказите за грабежот на „Сантиаго Бернабеу“ и иронично ги прокоментира спорните одлуки на судијата.

„Браво“.

Рибери со сликите докажа дека Роналдо беше во офсајд при двата гола, но и дека прекршокот на Видал во 84-та минута за втор жолт картон не постоеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го покани Антонели во Болоња, но ја сопира еуфоријата пред Парма

Тренерот на Болоња сака новиот шампион во Формула 1 да го посети клубот за кој навива. По …