Карло Анчелоти не го криеше разочарувањето и директно го обвини судијата Касаи за елиминациајта на Баерн Минхен од Лигата на шампионите.
Судијата Касаи го одбележа спектаклот во Мадрид бидејќи неправилно го исклучи Видал и призна два гола на Роналдо постигнати од чист офсајд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Задоволен сум како моите играчи го одиграа натпреварот, се беше одлично освен судијата. Горд сум на своите играчи, но судијата го упропасти натпреварот. Сите видоа што се случи и после ова сметам дека е неопходно да се воведе видео технологија“, истакна Анчелоти.
„Имаше моменти кога од терен се гледа дека Видал не го допре Асенсио, тука нема ништо спорно. Двата гола на Кристиано Роналдо се нерегуларни. Што сакате повеќе да ви кажам. Што му реков на Касаи? Го поздравив и му реков WELL DONE“, додаде Италијанецот кој не мисли дека станува збор за завера.
„Не станува збор за такво нешто, Реал нема врска со ова. Едноставно судијата намеше свој ден и направи катастрофални грешки кои влијаеа на резултатот. После натпреварот разговарав со Зидан и тој призна дека судењето беше криминално“, истакна Анчелоти.