Дома Фудбал Еве како Роналдо го коментираше натпреварот со Баерн!

Еве како Роналдо го коментираше натпреварот со Баерн!

Реал Мадрид постигна шест гола во четвртфиналето во ЛШ против Баерн Минхен,пет од нив беа дело на Кристиано Роналдо.

Роналдо беше најзаслужен за пласманот на Реал во полуфиналето и ги замоли фановите да престанат да го исвиркуваат.

Иако дамка на пласманот на Реал во полуфиналето остави судијата Касаи, сепак Роналдо смета дека резултатот бил фер.

„Баерн покажа дека има многу силен тим, но ние одигравме многу добро. Мислам дека ова е фер победа. Создадовме многу шанси и бевме подобри. Не е лесно да му се дадат шест гола на Баерн“, заклучи Роналдо.

„Само сакам да ги замолам фановите да престанат да ме исвиркуваат, јас секогаш давам се од себе на теренот и се трудам да му помогнам на Реал“, заклучи на крајот Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го покани Антонели во Болоња, но ја сопира еуфоријата пред Парма

Тренерот на Болоња сака новиот шампион во Формула 1 да го посети клубот за кој навива. По …