Дома Фудбал Англија Kлоп ја укина забраната во Ливерпул која ја воведе во 2016 година

Kлоп ја укина забраната во Ливерпул која ја воведе во 2016 година

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја отстрани забраната која ја донесе во 2016 година за сите играчи, освен за еден.

Германскиот тренер на играчите на Ливерпул после освојувањето на Лигата на шампионите им дозволи да можат да го допрат славниот знак „Тhis is Anfiled“ Кој се наоѓа на излегувањето од тунелот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клоп уште во 2016 година им порача на играчите да не го допираат тој знак додека не освојат нешто.

„Тоа е знак на респект. Јас го допрев како тренер на Борусија Дортмунд, но изгубивме 4:0. Ќе допреме кога ќе освоиме нешто. Ова е голем клуб“, зборуваше тогаш Клоп.

Единствениот играч кој имаше право да го допре знакот беше Џордан Хендерсон кој го освои Лига Купот во 2012 година.

Откако „црвените“ во саботата го победија Тотенхем со 2:0 во финалето Лигата на шампионите сега право на тоа имаат сите играчи.

Инаку, споменатата победа на Ливерпул во мадритското финале го збогати Саутемптон за 10 милиони евра. Саутемптон таа сума ја заработи од бонусите во договорите на Вирџил Ван Дијк, Садио Мане, Дејан Ловрен, Натаниел Клајн и Адам Лалана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…