Дома Македонски спорт Карачиќ: Зборуваа „ние сме Барса“, епа – „ние сме Вардар“!

Карачиќ: Зборуваа „ние сме Барса“, епа – „ние сме Вардар“!

Вардар повторно ја израдува македонската јавност и одново ќе игра финале во Лигата на шампионите!

После првото полувреме се најавуваше катастрофа бидејќи Вардар губеше со седум гола разлика. Милосављев одбрани 13 топки, но црвено црните имаа проблеми со реализацијата. На полувреме се замина со дури седум гола предност за Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но во второто полувреме Вардар успеа чудесно да се врати и на крајот да победи со два гола разлика.

После мечот за медиумите зборуваше и Игор Карачиќ кој заработи повреда во овој натпревар.
„Тие одиграа одлично прво полувреме, но ние покажавме карактер и се вративме. Го победивме моќниот противник. Зборуваа: Ние сме Барса, како некој нивни слоган, епа – „ние сме Вардар“ и сега сите знаат што значи тоа“.

Дали Карачиќ ќе може да настапи на финалниот натпревар ќе се знае веројатно утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…