Дома Фудбал Германија Јоаким Лев заврши во болница

Јоаким Лев заврши во болница

Јоаким Лев нема да ја предводи германската репрезентација во следните два натпревари.

Германскиот селектор заврши во болница и таму ќе остане во следните денови, а со тоа нема да може да ја предводи репрезентацијата во дуелите против Белорусија и Естонија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лев пред неколку недели доживеа бизарна несреќа. Му паднал тег на прстите и тоа му предизвикало проблеми, па морал да биде хоспитализиран.

„Третманот оди добро, но лекарот не советуваше селекторот да биде поштеден во наредните натпревари. Затоа Маркус Сорг ќе ја предводи репрезентацијата.“ – соопштија од фудбалската федерација на Германија.

Се огласи и Јоаким Лев.

„Се чуствувам добро, но морам да одмарам во следните четири недели. Во контакт сум со екипата, имаат искуство и ова ќе го надминеме.“ – рече Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул го блокира трансферот на Анди Робертсон во Тотенхем

Управата на Ливерпул го блокира трансферот на Ендру Робертсон во Тотенхем. Во петокот дват…