Дома Фудбал Останато Ди Марија незапирлив кај Анже

Ди Марија незапирлив кај Анже

Со головите на Анхел Ди Марија во 28. и 84. минута актуелниот шампион на Франција, Пари Сен Жермен синоќа забележа победа на гостувањето кај Анже.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова беше прв дуел од 33.коло на француската фудбалска Лига 1.

Шест дуели од оваа рунда на програмата се денеска. Од 17 часот играат Ница и Нанси, а три часа подоцна (20 часот) ќе започнат средбите: Рен – Лил, Генгамп – Тулуз, Мец – Каен и Монпеље – Лориен. Денешната програма ќе ја комплетираат лидерот на табелата Монако и Дижон со средбата која ќе започне од 21 часот.

Останатите три натпревари од ова 33.коло на програмата се утре, а двојките се: Нант – Бордо, Бастија – Олимпик Лион и Олимпик Марсеј – Сент Етиен.

Табела: Монако 74 бода, ПСЖ 74, Ница 70, Олимпик Лион 54, Бордо 49, Олимпик Марсеј 48

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО: Бизарен автогол на Србија во тешкиот пораз, мексиканскиот коментатор во вистинска еуфорија

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа тежок пораз во пријателски натпревар одигран …