Од 16:00 часот на „Вембли“ денес ќе истрчаат фудбалерите на Астон Вила и Дерби Каунти во финалето од плејофот за влез во Чемпионшип. Победникот од овој натпревар ќе биде побогат за 200 милиони евра и ќе се пласира во Премиер лигата.
Астон Вила минатата година играше финале и изгуби од Фулам, а Дерби кој од клупата го води Френк Лампард „брка“ враќање во најсилната англиска лига после 11 години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се проценува дека победникот ако ја преживее првата сезона во Премиер лигата 2020 година ќе биде побогат за скоро 400 милиони евра од ТВ правата и останатите приходи.
Финалето во Чемпионшип финансиски е повредно од Лигата на шампионите. Тотенхем и Ливерпул на 1-ви јуни во Мадрид ќе играат за осум милиони евра, колку што е разликата во заработката помеѓу освојувачот и поразениот во финалето.
„Ова не е обичен натпревар и сите се свесни поради тоа“, порача тренерот на Вила Дин Смит.
„Ќе им кажам на играчите да уживаат во натпреварот. Вредноста на натпреварот е нешто на што не можам да влијаам. Играв финалиња и големи натпоревари во кои не уживав. Не сакам на моите играчи да им се случи истото“, порача легендарниот Лампард.
Вила – Дерби оваа сезона 7:0.
Оваа сезона Астон Вила со 3:0 и 4:0 славеше против Дерби, клуб кој го победи шест пати во последните девет натпревари. И додека меѓусебните натпревари против Дерби на Вила и одат во прилог, не им оди тоа што досега изгубиле пет од шест натпревари кои се играле на „Вембли“.
Ќе потсетиме, претходно место во Чемпионшип обезбедија Норвич и Шефилд.