Вчера италијанскот клуби официјално премина во рацете на кинески конзорциум, а медиумите тврдат дека новите сопственици се спремни веднаш да потрошат значителна сума пари за засилувања ова лето.
„Газета дело Спорт“ открива дека е одреден буџет од 150 милиони евра, кој со некои продажби (Бака и Нианг) може да достигне до 200 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Еминентниот италијански весник дури и ги откри најголемите желби на новото раководство и нивните приоритети.
Најпрво приортет ќе биде новиот договор на Џиџи Донарума. Новите сопственици спремиле богата понуда за 18-годишниот голман и сакаат да го задржат по секоја цена, а покрај него нови договори ќе потпишат и Де Шиљо, Ромањоли, Сусо и тренерот Монтела.
Кога се во прашање трансферите „Газета“ тврди дека новото раководство веќе го контактирало Фабрегас и Шпанецот треба да биде првото засилување за средниот ред. Во одбраната главни трансфер цели се Мусакио од Виљареал и Колошинац од Шалке.
Најголемите засилувања треба да стигнат во нападот, покрај Кеита Балде од Лацио новото раководство сака да донесе една голема ѕвезда на „Сан Сиро“, а најголема желба е Пјер Емерик Обамејанг.
Меѓу останатите имиња кои конкурираат за нов напаѓач на „росонерите“ се и Карим Бензема, Кун Агуеро, Алексис Санчез, Андреа Белоти и Алваро Мората.