Килијан Мбапе е примарна трансфер цел на Реал Мадрид, па младиот Французин и ова лето ќе биде жешка трансфер тема.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мбапе неодамна и самиот ги засили шпекулациите откако изјави дека доколку не добие поголема одговорност би можел да ја промени средината.
Од друга страна се погласно се шпекулира дека ПСЖ ова лето ќе мора да продаде една од своите најголеми ѕвезди поради Финансискиот фер-плеј.
На сето тоа младиот Французин додатно ги „запали“ шпекулациите откако на Инстаграм почна да ги следи сите ѕвезди на Реал Мадрид.
Мбапе следи само 250 луѓе на Инстаграм, а најновите личности кои почна да ги следи се Марсело, Бензема, Серхио Рамос, Винисиус, Модриќ, Бејл, Варан…
