Фудбалерите на Ајакс зад себе имаат фантастична сезона која малку недостасуваше да биде уште повеќе успешна.
Ајакс освои двојна круна во Холандија, а во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето и само секунди ги дела фудбалерите на холандскиот гигант до пласман во големото финале, но сонот им го скрати Лукас Моура.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентативецот на Србија, Душан Тадиќ имаше голем удел во овој успех, а во интервјуто за холандските медиуми откри како ја поднел елиминацијата од Тотенхем.
„Кога сум разочаран знам да заплачам и да бидам емотивен, така исфрлам се од себе. Кога си отидов дома после поразот од Тотенхем пуштив српска музика и седнав на креветот, плачев скоро цела ноќ. Ми помогна кога ги видов моите деца утрото“, откри Тадиќ.
Без оглед на тоа не може да биде незадоволен од она што го направија оваа сезона.
„Ако не се лажам, Ајакс долго време немаше освоено двојна круна. Ова беше фантастична сезона, станавме гладни за трофеи. Лигата на шампионите беше возбудлива за нас, заслуживе да играме во финалето, меѓутоа фудбалот е таков“, изјави српскиот фудбалер.
Додека беше во Премиер лигата зимска пауза немаше, но сега во Холандија зимската пауза добро му дошла.
„Не сум навикнат на зимска пауза затоа што тоа во Англија го нема, а баш ми беше потребно. Дополнително водам сметка за исхраната, а и разликата во физичкиот напор е огромна. Во Саутемптом се трошев многу повеќе, тука е вистинско уживање да се игра“ изјави Тадиќ.