Челзи пред влегувањето на Роман Абрамович беше солиден клуб, но не спаѓаше во елитата на англискиот фудбал каде што влезе откако рускиот тајкун започна да инвестира во клубот.
Од 2003 година до денес Челзи пет пати беше шампион на Европа, успеа да освои пет купови, една Лига на шампиони и една титула во Лигата на Европа. Во Москва во
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
2008 година на пенали изгуби финале во Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед. Оваа сезона „сините“ на 29-ти мај ќе играат финале во Лигата на Европа против Арсенал.
Абрамович не штедеше за од просечен англиски клуб да создаде трофеен клуб. Во Лондон пристигнуваа големи играчи, но и големи тренери.
Русинот во изминатите 16 години промени огромен број тренери. Дури 11 стратези го воделе Челзи, а лесно тој број би можел да биде зголемен затоа што на големо се пишува дека Маурицио Сари нема да го води Челзи наредната сезона дури и ако ја освои Лигата на Европа.
Ако Сари заминува Челзи ќе треба да му исплати компезација од пет милиони фунти според договорот кој има важност до 2021 година.
Абрамович често ги менуваше тренерите, но тие од Лондон не заминуваа со празни раце.
Последниот кој доби оштета од Челзи беше Антонио Конте кој си замина од Лондон со девет милиони фунти во џеб. Се започна со Клаудио Раниери, а потоа следуваа: Жозе Мурињо, Аврам Грант, Луис Фелипе Сколари, Карло Анчелоти, Виљаш Боаш, Роберто Ди Матео, Рафаел Бенитез, Мурињо (одново) и Гус Хидинк.
Оние кои заминаа без оштета беа само: Хидинк и Бенитез., а најмногу однесе Жозе Мурињо во 2007 година, 23 милиони фунти.
Кога се ќе се собере се доаѓа до бројка дека Абрамович потрошил огромни 92.9 милиони на откази на тренерите во мандат.