Дома Останати Кошарка Официјално: Олимпијакос исфрлен во втора лига!

Официјално: Олимпијакос исфрлен во втора лига!

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос е исфрлен од грчката лига.

Тимот од Пиреа ја бојкотираше лигата. Незадоволни од делегираните судииите кошаркарите на Олимпијакос не се појавија во натпреварот од четвртфиналето во пејофот против Панатинаикос и сега ја добија казната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлуката на раководството на лигата е Олимпијакос да биде исфрлен од лигата и наредната сезона ќе игра во втората лига во Грција.

Не е тоа се што го погоди грчкиот гигант. Црвено-белите ќе мораат да платат 15.000 евра казна и наредната сезона ќе ја започнат со минус шест бодови.

Ваквата одлука на Кошаркарскиот сојуз би можела да значи дека Олимпијакос ќе заврши во АБА лигата каде што бараше да влезе уште пред неколку месеци.

Според информаците раководството на АБА лигата утре ќе расправа за тоа дали Олимпијакос ќе игра во регионалната лига.

За тоа да се случи треба сите клубови да дадат согласност и правилникот за пристапување во лигата да се промени. Олимпијакос е еден од најголемите европски клубови. Три пати беа шампиони во Евролигата и нивната листа на трофеи е навистина огромна.

Покрај трите трофеи во Европлигата имаат уште 12 освоени титули во Грција, девет купови и ФИБА интерконтинентален куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Го знаете ли ритуалот кој го има Јокиќ пред секој натпревар во НБА?

Срспкиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една одлична сезона во НБА лигата каде што со сво…