Дома Топ вести Барса спрема револуција – заминуваат петмина, доаѓа пеколно трио!

Барса спрема револуција – заминуваат петмина, доаѓа пеколно трио!

Јасно е дека Барселона од следната сезона мора да започне нов циклус и дека со новиот тренер неопходно е да пристигнат и нови засилувања.

Барселона оваа сезона е далеку под своето ниво, и ова е сигурно најлоша година за Каталонците во последните неколку сезони, па медиумите најавуваат реконструкција на тимот за следната сезона, кога ќе пристигне и нов тренер.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првото засилување сигурно ќе биде Жерар Делуфеу кого Каталонците можат да го вратат за само 12 милиони евра. Постои таква клаузула во неговиот договор со Евертон, а со оглед на фактот како Шпанецот игра во Серија А, Барса донесе одлука да го врати на „Камп Ноу.

Најголема трансфер желба е бесниот бек на Арсенал, Хектор Белерин за кого Каталонците се спремни да платат 40 милиони евра. Белерин треба да биде прв избор за десната бековска позиција, а Серхи Роберто од следната сезона ќе се врати во средниот ред.

Притоа, Барселона сака да донесе и една голема ѕвезда, а во конкуренција се три имиња – Филипе Кутињо, Марко Верати и Пауло Дибала. Напаѓачот на Јувентус го продолжи договорот и сигурно ќе остане во Торино, па Каталонците ќе се фокусираат на некој од другите двајца фудбалери, а најреална опција е Кутињо.

Покрај тоа, Серхи Сампер ќе биде вратен од позјмицата во Гранада и ќе добие шанса на припремите, а во првиот тим ќе биде прекомандуван и Карлос Алења, играч за врска кој веќе еден месец тренира со првиот тим.

Кога станува збор за заминувањата, најмалку пет фудбалери ќе го напуштат „Камп Ноу“, а тоа се Андре Гомеш, Жереми Матије, Пако Алкасер, Лукас Дињ и Арда Туран, а на излезна врата најверојатно е и Денис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…