Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте сигурно ќе седне на кормилото на Интер и ги открија сите детали од договорената соработка.
49-годишниот италијански стратег потпишал прелиминарен договор со клубот за 3 + 1 година.
Конте на „Џузепе Меаца“ ќе заработува 10 милиони евра по сезона, а договорот се очекува официјално да биде потврден на 28-ми мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во моментов, Интер предводен од Лучано Спалети го зазема четвртото место во Серија А и во последното коло ќе се бори за пласман во Лигата на шампиони, а потоа ќе биде потврдено доаѓањето на Конте.
Додека чека да биде промовиран во нов тренер на Интер, италијанскиот стратег има причина за задоволство – го доби Челзи на суд и сега „сините“ се должни да му исплатат 10.5 милиони евра.
Конте минатата година доби отказ и од тогаш траеше правната борба со Роман Абрамович, а Италијанецот се обидуваше да извлече што е можно повеќе пари за предвременото раскинување на договорот.