Угледниот „Sky Sports“ вчера објави дека Матијас де Лихт одлучил да го напушти Ајакс и на крајот од сезоната да се пресели во Барселона.
Де Лихт се наоѓа на мета на многу европски гиганти откако што одигра одлична сезона во дресот на Ајакс. Овој 19-годишен играч освои двојна круна со својот клуб и доби капитенска лента на почетокот на сезоната што за многумина беше големо изненадување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, овој стопер покажа огромен квалитет и зрелост во своите настапи и не е чудо што половина Европа се бори за него. Сепак, од самиот почеток се поврзуваа најмногу со Барселона и изгледа дека и таму ќе ја продолжи кариерата.
Споменатиот медиум објави дека Де Лихт се договорил со Барса, но дека официјално овој трансфер ќе биде направен по финалниот натпревар во Купот на Кралевите каде што Барселона овој викенд игра против Валенсија.
Покрај Барселона, интерес за овој играч покажаа Манчестер Јунајтед, Јувентус, Баерн, ПСЖ и Манчестер Сити, но изгледа дека сите тие се откажале од него.
„Скај Спорт“ тврди дека Де Лихт веќе има потпишано договор со Барселона, а и самиот фудбалер денес потврди дека сака повторно да игра со Де Јонг во ист тим.