Дома Останати Кошарка Заврши регуларниот дел: ГС лидер, Чикаго и Индијана во плејоф!

Заврши регуларниот дел: ГС лидер, Чикаго и Индијана во плејоф!

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Последните натпревари ја формираа табелата во Источната конференција, односно Индијана и Чикаго ќе играат во плејофот, а Мајами ја заврши сезоната.

НБА сезоната на првото место ја заврши Голден Стејт (67победи, 15 порази), овој тим ја освои Западната конференција и ја обезбеди предноста на домашниот терен во плејофот. На Истокот првото место го освои Бостон.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Според пласманот во првото плејоф коло на Истокот ќе играат Бостон-Чикаго, Вашингтон-Атланта, Кливленд-Индијана и Торонто-Милвоки.

На Западот Голден Стејт во првото коло за противник ќе го има Портланд, доколку ги мине Блејзерси во полуфиналето кошаркарите на Голден Стејт ќе играат против подобриот од серијата помеѓу ЛА Клиперс и Јута.

Сан Антониот ќе игра против Мемфис, а веројатно најинтереснната серија ќе биде онаа помеѓу Хјустон и Оклахома, во која еден против друг ќе играат кандидатите за МВП наградата Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повтор…