Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт го прегази Портланд и ќе го брани трофејот во големото финале (ВИДЕО)

Голден Стејт го прегази Портланд и ќе го брани трофејот во големото финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во ново финале во НБА финалето откако со убедливи 4:0 го елиминираше Портланд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вориорси без поголеми проблеми успеаа да го освојат трофејот во Западната конференција и се на добар пат да ја одбранат титулата НБА шампион. Во четвртиот натпревар Голден Стејт против Портланд славеше после продолженија.

Кошаркарите на Портланд веројатно го одиграа еден од своите најдобри натпревари во плејофот, но и покрај тоа не успеаа ништо да направат против актуелните шампиони.

Натпреварот од самиот почеток беше изедначен. Првата четвртина им припадна на Вориорсите со 36:35 додека на полувреме се замина со резултат 69:65 за Портланд.

Но, во продолжение Вориорси успеаа да го стигнат заостанувањето и гледавме неверојатна завршница. Двете екипи имаа прилика за победа при резултат 110:110, сепак на крајот се играа продолженија.

Во продолженијата Портланд и понатаму имаше добри шанси да ја запише првата победа во оваа серија, но не успеаа. Вориорсите имаа повеќе сраќа и знаење и на крајот славеа со 119:117 и заслужено се пласираа во големото финале каде што ќе ја бранат титулата.

Гостите ги предводеше Стеф Кари со 37 поени, додека 18 додаде Грин. Во тимот на Порлтанд се истакна Леонард со 30, Лилард со 28 и Мекколум со 26 постигнати поени.

https://youtu.be/TuE9PqCu6U0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…