Следниот викенд на програмата е последното коло во италијанската Серија А.
Шампионот од поодамна е познат, Наполи покрај Јувентус ќе игра во Лигата на шампионите, но следи жестока борба останатите позиции кои водат во Лигата на шампионите, како и за опстанок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аталанта сега е трета, Интер четврти, Милан петти, Рома шеста. Римјаните се скоро без шанси за место во топ 4, но останатите три клуба се борат за преостанатите две места.
Интер ќе го пречека Емполи кој се бори за опстанок, Милан ќе гостува кај СПАЛ, а Аталанта ќе го пречека Сасуоло, додуша на теренот на кој игра Сасуоло бидејќи нивниот во Бергамо се реновира.
Аталанта и Интер со победи ќе одат во Лигата на шампионите, но „росонерите“ се надеваат дека некој од нив ќе направи кикс.
Во сабота се игра натпреварот помеѓу Фросиноне и Киево и тоа е натпревар на екипи кои се испаднати од лигата. Тој се игра од 18:00 часот.
Еден ден подоцна, Торино и Лацио играат од 15:00 часот, Сампдорија и Јувентус 18:00, а од 20:30 часот: Аталанта – Сасуоло, Болоња – Наполи, Каљари – Удинезе, Фиорентина – Џенова, Интер – Емполи, Рома – Парма, СПАЛ – Милан.
Она што е сигурно возбудувања на Апенините сигурно нема да недостасуваат и фудбалска Европа со нетрпение го чека развојот на ситуацијата во една од најсилните лиги во светот.