Дома Фудбал Италија Алегри: Прво се договоривме да останам во Јувентус, а потоа добив отказ

Алегри: Прво се договоривме да останам во Јувентус, а потоа добив отказ

alegri

Италијанскиот стручњак Макс Алегри на крајот од оваа сезона го напушта Јувентус откако клубот одлучи да му се заблагодари за соработката.

Алегри со Старата дама освои пет титули по ред во Серија А, но главната цел ЛШ не беше исполнета, иако на два пати со својот тим играше во финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После овогодинешниот неуспех во ЛШ челниците на клубот одлучија да му се заблагодарат на Алегри за соработката и после последното коло во Серија А дефинитивно ја напушта клупата на Старата дама.

Се уште не е познато кој ќе биде негов наследник, но и тој каде ќе ја продолжи кариерата. Призна дека веќе има неколку понуди и дека сигурно нема да одмара.

„Зборував со претседателот после натпреварот со Ајакс и имавме план да продолжиме, но во следните шест недели не одевме по ист пат. Не зборувавме за договор, но сфатив дека за Јувентус е најдобро нешто да се промени. Во спротивно веќе во септември или октомври ќе имаме нови проблеми и најдобро е да се замине кога ситуацијата е се уште прилично добра.“ – изјави Алегри и додаде:

„Во петокот утрото добив информации дека нема да продолжам во Јувентус. Имавме разговор во четвртокот и уште тогаш знаев дека нема да бидам тренер на Јувентус. Не ми рекоа директно, но знаев. Нема да земам никаков одмор и сакам веднаш да се вратам на клупата.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…