Денес со почеток во 18:00 часот се игра финалето во женската Лига на шампиони од кое дел ќе биде македонската фудбалерка, Наташа Андонова..
Андонова со својата Барселона денес ќе игра против француски Олимпик Лион во главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оние кои го следат женскиот фудбал знаат дека Лион е еден од најсилните тимови, можеби и најсилен. Лион го освојуваше трофејот во женската Лига на шампионите во последните три години и сега игра за четврта титула во низа.
Францускиот претставник ја има улогата на фаворит, но Андонова и Барселона сигурно нема предвреме да се откажат и се надеваат на триумф.
Доколку на Андонова и успее таа ќе стане првата Македонска со европска круна во фудбал.
Кога е машкиот фудбал во прашање со титули во Лигата на шампионите можат да се пофалат Панчев, Најдоски и Пандев.