Мaнчестер Јунајтед минатата сезона ја заврши една од најлошите сезони во последните 30 години на клубот.
„Црвените ѓаволи“ завршија на шестото место на табелата кое наредната сезона ги води во Лигата на Европа, но сигурно дека тоа е далеку од очекувањата на англискиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше Јунајтед како да започна да се распаѓа, а освојувањето на Премиер лигата или некој друг трофеј стана скоро невозможна мисија.
Жозе Мурињо на една сезона малку успеа да го врати стариот сјај, но тоа траеше кратко. Јасно е дека на Јунајтед му се потребни големи промени бидејќи навистина е тажно да се гледа клуб со таква традиција некаде скоро на средина на табелата.
Оваа сезона за заборав на Јунајтед сепак ќе заврши со еден освоен трофеј, но за тој не се заслужни играчите туку вработените на „Олд Трафорд“ кои се грижат за тревата на теренот секогаш да биде во одлична состојба.
На Манчестер Јунајтед му беше доделена наградата за најдобар тревник на стадионите во Премиер лигата.
Official: United win the 2018/19 Premier League Grounds Team of the Season Award. ?? #mufc pic.twitter.com/Ofl3EIDtnS
— United Xtra (@utdxtra) May 17, 2019