Пол Погба во летниот преоден рок повторно ќе биде во центарот на вниманието бидејќи се погласни се шпекулациите за негово заминување од Манчестер Јунајтед, а како најголем фаворит за неговиот потпис важи Реал Мадрид.
Реал Мадрид наводно започнал преговори со Погба кој имаше разочарувачка сезона во Англија и поради тоа во медиумите се пишува дека шансите да ја напушти Англија и да заврши во Реал се навистина големи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед за Погба сака да наплати 150 милиони евра што е навистина огромна сума за играч кој имаше лоша сезона и од кој никогаш не можете да знаете што да очекувате, а освен тоа самиот Погба сака да биде најплатен во екипата, односно да добива 28 милиони евра по сезона.
Овој трансфер го отежнува и тоа што агентот на Погба, Мино Раиола е суспендиран до 9-ти август и до тогаш нема право за завршување на трансфер зделки.
Реал Мадрид според информациите сака во трансферот да го вклучи Герет Бејл кој претходно оваа сезона се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но клубот од „Олд Трафорд“ изгледа сега не е заинтересиран за Велшанецот кој е надвор од форма, треба да се додаде и дека наскоро ќе наполни 30 години.
Сепак, најтешка препрека во овој трансфер е големата плата која ја бара Французинот, бидејќи Реал Мадрид не е спремен да се согласи да му плаќа 28 милиони евра по сезона.