Дома Топ вести „Скај Спорт“: Готово е! Српската сензација е играч на Реал Мадрид!

„Скај Спорт“: Готово е! Српската сензација е играч на Реал Мадрид!

Ако му веруваме на реномираниот „Скај Спорт“ Лука Јовиќ е нов фудбалер на Реал Мадрид!

Според извори на реномираниот медим Реал Мадрид го обезбедил потписот на 21 годишниот напаѓач на Ајнтрахт за сума од 60 милиони евра. Јовиќ ќе потпише договор според кој ќе заработува 10 милиони евра годишно.

Јовиќ така ќе им се придружи на Бразилците Милитао и Родриго кои Реал Мадрид веќе ги договори.

https://www.youtube.com/watch?v=bGucyzcYhPs

Ајнтрахт го доведе Јовиќ од Бенфика за само седум милиони евра откако ја активираше клазулата во неговиот договор. Португалците од трансферот на Јовиќ во Реал Мадрид ќе добијат 20%.

Оваа сезона српскиот репрезентативец постигна 27 голови и запиша седум асистенции. Со 17 голови е трет стрелец во Бундес лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…