Дома Фудбал Англија Погба сепак останува во Манчестер Јунајтед?

Погба сепак останува во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед денеска ги претстави новите дресови за следната сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во изминатата сезона во Јунајтед беше бурно, а навивачите ќе се обидат што поскоро да ја заборават.

Во летниот преоден рок англискиот тим се спрема за големи промени во играчкиот кадар и сите се надеваат на подобри денови.

Многу прашања се поврзани околу евентуалното заминување на Пол Погба, кој имаше сезона под очекувањата. Французинот е големо разочарување, а се шпекулира дека е мета на Барселона и Јувентус.

Од Јунајтед се уште немаат одговор, но интересно е што денеска на промоцијата на новите дресови како модел се појави токму Погба.

Дали тоа значи дека и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Црвените ѓаволи, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Мадрид е хаос, тимот му врти грб на Мбапе – Винисиус е лидерот!

Ситуацијата со Килијан Мбапе како да станува проблем во Мадрид и соблекувалната полека му …