Дома Останати Кошарка НБА Рапторси се распаднаа во последната четвртина и ја препуштија победата на Милвоки (ВИДЕО)

Рапторси се распаднаа во последната четвртина и ја препуштија победата на Милвоки (ВИДЕО)

Милвоки Бакс победија на свој терен против Торонто со 108:100 и така поведоа во финалната серија на источната конференција со 1:0.

Рапторси водеа скоро во текот на целиот натпревар, но во последната четвртина се распаднаа што Бакси го искористија на крајот дојдоа до победата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Канадскиот тим уште во првата четвртина покажа дека силно ја посакува победата. Имаа плус 11 (23:34) после овој дел од игра, а на полувреме заминаа со осум поени предност, 51:59.

Изгледаше како Бакси да немаат вистински одговор на играта на противникот. Рапторси после третиот период имаа водство од 76:83, но потоа следуваше голем пад во нивната игра.

Само Кајл Ловри погодуваше за Рапторси од игра во последната четвртина. Остатокот од тимот промаши се, а домаќините тоа знаеа да го искористат.

Успеа Милвоки да финишира со серија од 10:0 и на тој начин да дојде до победата и водство во финалната серија на источната конференција.

Бакси до победата ги предводеше Брук Лопез со 29 поени и 11 скокови, Јанис Антетокумпо додаде 24 поени и 14 скокови.

На другата страна Леонард уфрли 31 од кои само два во последната четвртина, додека Ловри додаде 30 поени.

Наредниот натпревар се игра утре, а домаќин повторно е Милвоки.

https://youtu.be/7yrYqKCFt6g

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…