Оле Гунар Солскјер во декември пристигна на Олд Трафорд како привремена замена за Жозе Мурињо.
Норвежанецот после тоа со серија добри резултати го извлече Јунајтед од криза и беше на добар пат да му осигура на клубот место во ЛШ следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, после тоа следуваше период во кој Манчестер играше лошо и во последните седум натпревари во ПЛ запиша пет порази. две нерешени и само една победа и така остана без ЛШ следната сезона.
Во последниот натпревар од оваа сезона во ПЛ, Јунајтед на Олд Трафорд беше поразен со 2:0 од Кардиф, кој претходно испадна од лигата.
„Научив да не сакам да губам. Сакам да победувам.“ – изјави Солскјер за клубската телевизија.
„Почнавме фантастично. Момците беа неверојатни кога дојдов. Бевме позитивни и победувавме. Целата група се обедини и уживаше во победите, но знам дека фудбалот знае да биде тежок.“
Норвежанецот спрема голема чистка и дури осум играчи би можеле да го напуштат клубот, а Солскјер сака да донесе барем пет нови играчи.