Дома Останати ИААФ даде дозвола за настап на уште седум руски атлетичари

ИААФ даде дозвола за настап на уште седум руски атлетичари

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) им дозволи настап на уште седум руски атлетичари, на престојните натпреварувања, но под неутрално знаме.

Русија во ноември 2015 година доби суспензија од сите меѓународни натпреварувања, а само атлетичарите кои добија дозвола од ИААФ можеа да се натпреваруваат, но под неутрално знаме.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради систематскиот допинг Русија не учествуваше на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а по завршувањето на Игрите суспензијата беше продолжена.

Во вторникот ИААФ на седуммина атлетичари им дозволи да настапат на престојните натпреварувања, а најпознати меѓу нив се светскиот првак на 110 метри со препони Сергеј Шубенков и светската шампионка во скок во височина, Марија Кучина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…